Кривична пријава против полициски службеник во Полициска станица Битола

Одделението за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола, вработен во Секторот за заеднички операции при Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„На 05.01.2025 година околу 02,30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот се однесувал агресивно и му се заканувал на едно лице и при интервенција на обезбедувањето, агресивно се однесувал и кон нив.

По излегувањето од објектот продолжил и со своето агресивно однесување.

Одделението за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе предложи да се поведе дисциплинска постапка и против лицето ќе изнесе мерки за суспендирање на лицето до завршување на дисциплинската постапка“, се наведува во соопштението.