Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против В.М.(59) од Тетово поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“, казниво по член 280 од Кривичниот Закон, информираа денеска од СВР Велес.
– Имено, В.М. како секретар на Планинарски клуб од Кавадарци, на 17.07.2020 незаконски го искористил печатот од здружението, го ажурирал членството во регистарот на членови со неточни и лажни податоци за членство, односно впишал лица во регистарот кои во моментот не биле активни членови, со намера да го искористи нивното членство со една третина во негова корист и да побара одржување вонредна седница. На тој начин и со тие членови го надгласал и сменил дотогашното раководство на здружението, со што го преземал раководството и нанел штета на основачите на здружението, старото раководство и членство, како и на самиот планинарски клуб, се вели во соопштението од СВР Велес.