Кристиано Роналдо и Џорџина уживаат на јахтата со децата! Убавата Латинка го покажа своето извајано тело (фото)
Кристијано Роналдо реши да го помине летниот одмор со семејството. На луксузна јахта тој уживаше во друштво на својата избраничка Џорџина Родригез и своите деца.
Кристијано Роналдо имаше турбулентна сезона. Спорот со Манчестер Јунајтед и тренерот Ерик Тен Хаг доведе до негово заминување во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Наср. Со Португалија учествуваше и на Светското првенство во Катар.
Кристијано Роналдо летува на Сардинија, а се чини дека многу му се допаѓа одморот со семејството. Уживале во сончањето на јахтата, а Кристијано дури возел скутер.
На социјалните мрежи се коментира изгледот на убавата Џорџина и сите го коментираат нејзиното извајано тело, без целулит.
Покрај Кристијан и Џорџина, папараците ги фатија и нивните деца – Кристијан јуниор (12), близнаците Ева и Матео (по пет години) и најмладата ќерка Бела (13 месеци).