Кристијано Роналдо е на YouTube од 21 август 2024 година, а неговата сметка брзо доби десетици милиони претплатници. Сега има нова цел.
Фудбалерот на Ал Насра толку брзо доби претплатници што успеа да го собори рекордот што го држи MrBeast – повеќе од 20 милиони претплатници во период од 24 часа.
За време на едно неодамнешно интервју, Роналдо откри на што се надева кога станува збор за неговиот канал на YouTube – а тоа вклучува и претекнување на MrBeast во однос на претплатниците.
“MrBeast is the one I have to beat”
— Dexerto (@Dexerto) September 2, 2024
Cristiano Ronaldo revealed he’s trying to overtake MrBeast in YouTube subscribers
pic.twitter.com/SQ1OTzu9xs
„MrBeast е тој што треба да го претекнам“, рече Роналдо.
Сепак, претекнувањето на MrBeast нема да биде лесен подвиг, бидејќи популарниот YouTuber стана првиот што достигна 300 милиони претплатници во јули. После тоа, тој доби над 13 милиони нови фанови.
Достапен е бројач , кој во живо го прикажува бројот на претплатници што Роналдо и MrBeast ги имаат во даден момент, а многумина ја пренесуваат оваа споредба на видео платформа.
Иако на MrBeast му претстои уште долг пат, Роналдо брзо го престигна еден од неговите најголеми обожаватели – стриминг ѕвездата на YouTube IShowSpeed.