Кристофер Нолан заработи нешто помалку од сто милиони долари за режија, што го прави најплатен режисер на сите времиња.
По големиот успех на филмот Опенхајмер, прославениот режисер Кристофер Нолан се запиша на листата на најплатени режисери на сите времиња, пренесува Variety.
На 96-тото доделување на Оскарите, Опенхајмер освои дури седум, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм, а Нолан доби две награди.
Според извештаите, Нолан заработил нешто помалку од сто милиони долари од Опенхајмер.
Да потсетиме, буџетот за снимање на филмот беше сто милиони, што е многу, но Опенхајмер заработи неверојатни 958 милиони долари.