КРИТИЧНО! Небојша Тубиќ Жабац во тешка состојба: Одам на пат без враќање, ми откажаа бубрезите и простатата…
Небојша Тубиќ Жабац (63) тврди дека умира!
Познатиот жесток тип од белградскиот асфалт во последниот месец има нагло влошување на здравствената состојба, поради што се чувствува многу лошо. Поранешниот партнер на Гоца Божиновска вели дека му откажуваат внатрешните органи и дека по втор пат ја води најголемата борба во животот. Да потсетиме, во 2012 година, контроверзниот бизнисмен беше тешко ранет кога непознато лице испукало неколку истрели кон него од автоматска пушка. Во таа прилика низ мозокот му поминал куршум, поради што претрпе неколку операции, а како што изјави во „Сценографија“ на ТВ Курир, две третини од главата му се од пластика.
Не сум добро, имам сериозни здравствени проблеми. Малку од се. Полека си заминувам. Простата, бубрези, нема, не работи … Не излегувам никаде од дома, се е критично. Докторот откри дека имам посебен облик на деменција и дека моите мозочни клетки умираат многу побрзо од нормалните луѓе, така што мојот мозок е стар деведесет години. Тоа е тешка болест – едвај разбирливо проговори Жабац, а потоа продолжи:
– Не сум способен за ништо. Сите најавуваат кој е повеќе болен, Брус Вилис е болен, Шерон Стоун е болна, има и некои наши познати луѓе кои патуваат без враќање. Доаѓа време полека да си заминам. Страдам од деменција, мојата глава целосно ја нема. Уморен сум, органите ми се одлеваат, добро ми помина рокот – се пожали тој.
Пред пандемијата на корона, Тубиќ закажа свадба со пријателката на Меланија Трамп, координаторката за европски инвестиции во Србија, Марија Вурник Луковац, но мораше да ја откаже:
Се беше планирано, но беше откажано. Нема врска со свадбата затоа што завршив. Марија е таму покрај мене, ме носи на лекар, само таа ме гледа и се грижи. Јас сум ѝ товар, но таа ме сака, па жената страда. Мојата глава е трајно оштетена надвор од можноста за заздравување и таков маж може да сака само жена како Марија – вели тој.