Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднесе писмена оставка од функцијата в.д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, која денеска ќе биде разгледана на седица на Советот на јавни обвинители. Крстевска Цалева на 10 февруари по предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за в.д. шефица на скопското Вишо јавно обвинителство.
Новоназначената в.д. шефица на скопското ВЈО, Крстевска Цалева деновиве го известила државниот обвинител Коцевски дека таа не е подготвена да ги трпи критиките од јавноста за овој пропуст при нејзиното именување, а особено што во овој период се очекува во собраниска процедура да влезе и владината иницијатива за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. На средбата Коцевски се обидел да ја разубеди колешката од намерата да се повлече од функцијата, но, без успех.
Седницата на Советот на јавните обвинители е закажана за денеска во 10.30 часот, а на дневен ред се изборите јавни обвинители во Прилеп и Гевгелија.
Денеска и Владата ќе расправа за предлогот на Министерството за правда за разрешување на Љупчо Коцевски.