Кузеска: Оваа недела ќе стане јасно дали Мицковски е за реализација на националните и стратешките цели на земјата
Како народ и како држава имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат.
После 17 години стоење во место, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Скринингот тече одлично и наскоро ќе финишира.
Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитичко момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме.
Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција.
Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.
Кога се работи за државните и национални интереси оваа недела ќе стане јасно и што одлучил Христијан Мицкоски: дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе остане во заложништво на Левица во анти-европскиот блок.
Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на национални и стратешки цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи.
Национално единство не се прави ниту со блокади на државата, а најмалку со поделба по етничка или по каква било основа.
Додека СДСМ отсекогаш била и е на страната на државните национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ниту една стратешка одлука.
И кога државата го постигна Договорот од Преспа и кога стануваше членка на НАТО и кога на официјален македонски јазик ги започнавме преговорите за членство во ЕУ.
Мицкоски се уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат.