Сè уште не е помината првата година од мандатот на новата влада и на граѓаните веќе им стана јасно дека владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најлошата и најнефункционалната влада што сме ја имале, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Додека целиот систем полека пропаѓа, тие ја трујат јавноста со несогласувања внатре во коалицијата, наместо да направат нешто за програмата, медиумите се преполни со сопствени партиски несогласувања.
Јасно е дека освен што се неспособни да ја водат државата, неспособни се и да се договорат во Владата како да се делат тендерите, поради што се расправаат. Луѓето гледаат како власта се бори со себе, додека државата тоне. Нема функционални институции. Во здравството владее хаос, економијата тоне, реализацијата на проектите е на нула, платите стагнираат, а не се исплаќаат ниту постоечките. Земјата никогаш не била во таков целосен хаос.
Граѓаните долго време чекаат нешто конкретно што ќе се направи во нивен интерес. Дека оваа Влада е целосно неспособна јасно докажува тоа што се грижите само за себе. Ова е јасно видливо дури и од авион. Освен кој колку добил, како се поделени функции, како пропаднале тендерите за паркингот кај Клиничката болница и слично, немате што да понудите“, рече Кузеска.