26-годишен маж во полиција пријавил дека ненамерно при невнималетно ракување во воздушна пушка ја повредил сопругата во раката. Повредата и била третирана во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Полицијата го расчистува случајот.
– На 30.04.2023 во Полициска станица Куманово Д.Ж.(26) пријавил дека на 29.04.2023 пред куќа во село Војник, кумановско, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во раката својата сопруга Б.Ж., на која и е укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.