КУРТИ И ВУЧИЌ ГО ПОТВРДИЈА УЧЕСТВОТО НА СОСТАНОКОТ ВО БРИСЕЛ НА 27 ФЕВРУАРИ: ЗА ПРЕДЛОГОТ НА ЕУ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ , и премиерот на Косово, Аљбин Курти, во понеделник во Брисел го потврдија учеството во новата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина .
На средбата ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак најпрво со почеток во 15 часот ќе одржат одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заедничка средба.
На крајот од средбата е закажана изјавата на Борел за медиумите.