Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави можност следната година да се напише „современ европски нацрт“ на статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО).
Тој на Фејсбук, како одговор на специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, кој неодамна изјави дека нацрт-статутот на ЗСО е внатрешна работа на Косово, рече дека може да го напише нацртот настатутот, во соработка со министерот за заедници и враќање, Ненад Рашиќ и министерот за администрација на локалната самоуправа, Елберт Красниќи.