Куче влечено од возило во близина на Крива Паланка, полицијата приведе едно лице

Нов случај на суровост кон животни е регистриран во близина на Крива Паланка, каде куче врзано за возило било влечено по патот.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи го покажуваат животното како лежи на асфалтот, додека возачот седи зад воланот.Благодарение на брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, згрижено, а неговата здравствена состојба е стабилна.

Лицето кое го извршило ова гнасно дело е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни постапки и од страна на АХВ и од страна на Министерството за внатрешни работи.