Кушовски: Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Драги Кушовски потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП.

Во интервју за МИА, Кушовски вели дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, ЈСП располага со околу 190 автобуси.