Куќата на Ана Николиќ се распаѓа! Покривот е урнат, ѕидовите се ронат, сè е уништено (ФОТО)

Домот на Ана Николиќ се наоѓа во луксузен дел на Белград и е оаза на мирот за пејачката во која ужива со својата ќерка Тара. Дека е совршено и со љубов средуван, имавме можност да видиме во неколку наврати преку нејзиниот „Инстаграм“, меѓутоа, многумина немаа можност да видат како изгледа нејзиното родно место кај Параќин.

Имено, пејачката порасна во селото Доња Мутница, а благодарение на фотографиите кои кружат на социјалните мрежи дознавме како изгледа семејниот дом на поп ѕвездата.

Зад зелената капија и карстниот ѕид се наоѓа домот на Ана Николиќ, поточно куќата во која живееле нејзините баба и дедо и во која таа поминала добар дел од своето детство.

Дворот кој некогаш бил уредно уреден сега е запуштен, а затворените прозорци и спуштените ролетни откриваат дека овде веќе нема никој. Порано од дворот се слушаше детски плач и смеа, но сега дворот е обраснат со трева бидејќи едноставно нема кој да го одржува.

– Куќата е уништена. На никој не му е гајле. Жал ми е што е така. Нејзиниот брат Марко не доаѓа често, тие ја одржуваа оваа куќа, но сега веќе неколку месеци никој не се грижи за неа – рече еден роднина и додаде:

– Не овластила никого да и’ го чисти дворот. Жал ми е што никој од семејството не и’ помага. Додека брат и’ беше таму, држеше сè под контрола. Ана е добро дете. Што се случи… не знам но јас ја сакам како свое дете и сите ја паметат како убаво девојче. Често доаѓа овде на гробот на татко и’ – рекол братучедот додека соседот ја коментирал неодамнешната посета на Ана во родното место.

– Не ја видов. Но, ми рекоа дека дошла. Почесто доаѓа и го посетува гробот на татко и’ – изјави соседот кој живее спроти родната куќа на пејачката, која, според медиумите, планира да ја реновира и адаптира за кога ќе дојде овде, да се чувствува што е можно поудобно.