КФОР: Продолжуваме да ја следиме ситуацијата во Бањска, подготвени сме да реагираме доколку има потреба

КФОР продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, а војниците на КФОР се присутни во областа и се подготвени да реагираат, доколку е потребно, се наведува во нивните извешта.

Како што наведуваат, косовската полиција како прва инстанца која реагира има примарна одговорност за менаџирање на инцидентот на терен.

,,,Командантот на КФОР е во близок и постојан контакт со сите меѓународни фактори, вклучително и ЕУ, началникот на Генералштабот на војската на Србија и со институциите во Косово и интензивно работи на изнаоѓање решение“, се вели во соопштението.

Како што посочуваат, „мисијата на НАТО КФОР најостро го осудува нападот врз косовската полиција и упатува најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на загинатиот полицаец.