КФОР ја отстрани бодликавата жица во Звечан: Знак дека ситуацијата се движи во насока на деескалација и смирување на тензиите на северот на Косово и Метохија (ФОТО/ВИДЕО)

Припадници на КФОР денеска околу пладне ја отстранија бодликавата жица што беше поставена пред седум дена по инцидентите што се случија во близина на општинската зграда во Звечан.

Кфор ја отстранува бодликавата жица во знак на деескалација на ситуацијата во Звечан. Со тоа се потврдува фактот, кој уште од самиот почеток се посочува, дека Србите и КФОР немаат проблем на теренот, туку дека проблемот се специјалците на Курти.

Во Звечан денеска пред општинската зграда се собраа неколку стотици граѓани кои бараат да си заминат косовските специјалци и новоизбраните градоначалници, кои на изборите на 23 април го добија мандатот во општините на север, во која излезноста беше околу 3,5 отсто а тие избори Србите ги бојкотираа.

Тие бараат и итно ослободување на сограѓаните Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ, кои беа приведени од припадниците на косовската полиција за време на протестот во понеделник на 26 мај.