Лавров беше прашан во Алјаска дали е нервозен, неговиот одговор ги остави сите без зборови!

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговори на прашањето дали се чувствува нервозно пред средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска.
„Што е тоа?“, праша Лавров додека влегуваше во својот автомобил пред хотел во Анкориџ.

Да потсетиме дека Кремљ и Белата куќа претходно објавија дека 
Путин и Трамп ќе се сретнат денес, 15 август, во Алјаска.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави во четврток дека лидерите ќе се сретнат во воената база Елмендорф-Ричардсон.

Тој рече дека Путин и Трамп прво ќе се сретнат лице в лице, а потоа и со делегации.