Лавров за плановите на западните земји „НЕПРИФАТЛИВА ИСПОРАКАТА НА Ф-16 ВО УКРАИНА“

Лавров за плановите на западните земји за испорака на борбени авиони Ф-16 на Украина.

 Се подразбира дека оваа ескалација е неприфатлива. Верувам дека на запад сè уште има луѓе кои го разбираат ова, но се е диктирана од Вашингтон, Лондон и нивните сателити во Европската Унија, пред се балтичките земји, Полска, кои на копното директно ја исполнуваат наредбата добиена од САД. на Америка, која треба да ја ослабне Русија и и нанесе стратешки пораз – рече Лавров во интервјуто со новинарот Павло Зарубин во програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на ТВ „Русија 1“.

Во исто време Лавров го привлече вниманието на фактот дека „политичките кругови на Запад веќе зборуваат за деколонизација на Русија“.