Лавров: Русија под никакви услови нема да прифати силите на НАТО да бидат во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се огласи по вчерашниот договор меѓу САД и Украина за прекин на огнот.

Москва нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировници под никакви услови, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во разговор со американските блогери Марио Науфал, Лери Џонсон и Ендрју Наполитано, рускиот министер недвосмислено отфрли какви било опции за покренување на таква иницијатива, пренесува ТАСС.

Шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека Европа и Велика Британија сакаат конфликтот околу Украина да продолжи и дека според него, „сакаат да ги подигнат влоговите и да подготват нешто што ќе го принуди Вашингтон да преземе агресивна акција против Русија“.

Тој изјави и дека постои можност Украина да ги задржи границите од 1991 година, но без Крим и дел од Донбас, нејзините власти соработувале и спроведувале сопствени иницијативи, односно дека, како што рече, Киев ги почитувал договорите од Минск.

„Секогаш кога мамат, губат. Овој процес продолжува“, нагласи Лавров, пренесува РИА Новости.

Рускиот министер изрази мислење дека САД сега почнале да се враќаат „во нормала без антихристијански идеи“, откако новиот американски претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата.

„Мислам дека она што сега се случува во Соединетите држави може да се опише како враќање во нормала. Зборуваме за враќање на нормалноста во форма во која се разбираме. Ние сме православни христијани. Нашите вредности се генерално слични“, објасни шефот на руското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека интересите на Руската Федерација и на САД никогаш нема да бидат идентични и дека не можат „да се поклопат ни за 50 отсто“.

Претходно рускиот пратеник Константин Косачев, нагласи дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон.