– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде денеска и утре ќе претседава со отворени дебати на министерско ниво во Советот за безбедност на ОН.
Русија од 1 јули претседава со Советот за безбедност на ОН.
Лавров денеска ќе учествува на отворена дебата за мултилатерална соработка, а утре ќе претседава со отворена министерска дебата за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и за палестинското прашање.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека неколку земји изразиле интерес за билатерални средби со Лавров.
Заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков претходно изјави дека САД не побарале да се организира средба меѓу Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.