– Има одреден, но не и соодветен напредок во остварувањето платено породило отсуство за жените земјоделки. Се надеваме дека оваа година ќе се донесе системско решение за да може жените земјоделки да го остварат ова право како и сите работички, велат од невладината „Лаг Агролидер“ кои заедно со мрежа од 60-тина граѓански организации не се откажуваат од иницијативата за еднаквост за жените-земјоделки.
Како што објаснува Марина Тошеска, извршен директор на „Лаг Агролидер“, од Министерството за земјоделство веќе има најава за програма, но сѐ уште нема еднаков однос како и за другите работички.
-Од Министерството за земјоделство веќе има најава за програма. Меѓутоа она што нам ни е потребно и што го бараме и не само Лаг Агролидер, туку и мрежа од 60 граѓански организации, е за системско решение за жените земјоделки да бидат видливи во системот. Позитивен исчекор е што од оваа година Министерството за земјоделство ќе пилотира мерка за социјална сигурност со која на жените ќе им биде овозможен месечен приход од 9 000 денари во траење од 9 месеци. Меѓутоа, она што нас непријатно нѐ изненадува се дополнителните критериуми кои жените индивидуални земјоделки треба да ги исполнат за да го остварат ова право, а тоа е што требна 12 месеци да се регистрирани и да плаќаат надомест за пензиско и здравствено осигурување, што кај другите работнички е 6 месеци, како и дополнителните критериуми за остварување приход и добивањето финансиска поддршка од државата, што мислиме дека ќе го отежни пристапот до овие земјоделки да користат мерка која ќе им овозможи финансиска сигурност во време на мајчинство, вели Тошеска.
За иницијативата е одржан состанок со претставнички од клубот на пратеници и претставници од општините Кривогаштани, Долнени и Прилеп на кој уште еднаш е презентирана иницијативата за платено породилно одсуство на жените земјоделки.
-По добивањето на правото на породилно отсуство на жените земјоделки, паралелно да се работи на законско решение за обезбедување право на платен надоместок при отсуство од работа поради болест и за земјоделците кои имааат статус на индивидуален земјоделец според законот за пензиско и инвалидско осигурување, објаснува Тошеска.
Во земјава се регистрирани 1 075 жени земјоделки.