Кога телото ќе се навикне на ладен туш, доаѓа до наплив на хормони за среќа како што се допамин, серотонин и ендорфин, кои прават да се чувствуваме среќни и опуштени.
Ладниот туш има многу здравствени придобивки. Дури и старите Грци практикувале капење во ладна вода. И денес во арапските бањи покрај топлата има и базен со ладна вода.
Ладниот туш го зајакнува имунитетот , ги намалува болките во мускулите и зглобовите и позитивно влијае на расположението .
„Кога сте во ладна вода, вашиот мозок е премногу зафатен со фокусирање за да ги отстрани непријатните сензации. На овој начин престануваме да размислуваме за работи кои вообичаено ни пречат. Телото потоа оди во состојба „бори се или бегај“, а потоа се ослободуваат хормоните на стрес како адреналин и кортизол. Кога телото ќе се навикне, доаѓа до наплив на среќни хормони како допамин, серотонин и ендорфин, кои прават да се чувствуваме среќни и опуштени“, вели Мајдолин Јајоше, д-р и вонреден професор на Mount Sinai Faculty Practice Primary Care Associates во Њујорк.