Ламин Јамал во Барселона до 2031 година, го презема легендарниот број десет

Фудбалскиот клуб Барселона официјално потврди дека шпанскиот напаѓач Ламин Јамал ќе го носи легендарниот број 10, откако го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2031 година на неговиот 18-ти роденден.

На церемонијата одржана во официјалната продавница на стадионот „Камп Ноу“, Јамал позираше со својот нов дрес, преземајќи го бројот што претходно го носеа играчи како Лионел Меси, Роналдињо и Диего Марадона.

Јамал веќе има импресивен рекорд зад себе, со 18 постигнати голови, 25 асистенции и освои Европско првенство со Шпанија. И покрај очекувањата и симболиката на бројот 10, младиот крилен напаѓач рече дека не чувствува притисок.

„Овој дрес не е товар за мене. Не сакам да бидам некој друг, сакам да ја напишам мојата приказна во Барселона“, рече Јамал.