ЛАМИН ЈАМАЛ НАЈДОБРИОТ МЛАД ИГРАЧ: „Чудото“ на Барселона е првиот кому му успеало ова два пати

На церемонијата во Париз за доделување на „Златната топка“ , Ламин Јамал ​​беше првиот избран , но во категоријата најдобар млад играч.

Суперѕвездата на Барселона дојде во „градот на светлината“ за да ја прими главната награда за најдобар играч во светот, но на почетокот на вечерта ја доби истата награда што ја освои и минатата година.

Така, тој стана првиот играч во историјата што ја одбрани оваа награда.