ЛАЈЧАК ДЕНЕСКА ВО БЕЛГРАД: Специјалниот пратеник на ЕУ ќе се сретне со Вучиќ

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што претходно беше најавено во Брисел, Лајчак, кој вчера престојуваше во Приштина, доаѓа во Белград да го следи спроведувањето на одлученото и договореното во Брисел и да ги подготви следните чекори и состаноци.

Лајчак во Приштина најави дека во понеделник во Брисел ќе има средба меѓу шефовите на косовскиот и српскиот преговарачки тим Бесник Бисљими (Бислими) и Петар Петковиќ.

По средбите со Албин Курти (Албин) и Бисљими, Лајчак рече дека разговарале за процесот на нормализација на односите и за следните чекори по средбата одржана на 2 мај во Брисел.

Лајчак беше и во Северна Митровица каде рече дека на север има тензија и недоверба, но дека дијалогот има капацитет тоа да го реши.

Тоа е прва посета на Лајчак на Белград и Приштина по средбата меѓу Вучиќ и Курти на 2 мај во Брисел, каде што беше усвоена Декларацијата за исчезнатите лица, но не беше постигнат напредок за Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово.