Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека на првиот ден од неговиот мандат, 20 јануари, ќе го запре „трансродовото лудило“, наведувајќи дека под неговата администрација ќе има два пола – машки и женски.
„Ќе ставиме крај на трансродовото лудило, ќе потпишам наредби да се запре сексуалното осакатување на децата. Под моја администрација, во САД ќе има само два пола, машки и женски. Ќе ги отстраниме трансродовите концепти од војската, основните училишта, средни училишта“, рече Трамп на конференција во Аризона.
Тој додаде дека Америка ќе ги исфрли мажите од женските категории и обратно.
„Дали да го направам тоа на првиот, вториот или третиот ден? Што мислите дека треба да биде првиот ден“, ја праша Трамп толпата, која го поздрави со овации.