– Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао проговори за неговата адаптација во италијанското фудбалско првенство.
– Мислам дека Серија А е многу лесна. Пред моето доаѓање во Италијанското првенство играв во Франција и на почетокот беше тешко таму. Но, кога ќе станете поискусни, ќе станете побрзи, ќе можете да го креирате и промените светот на подобро. Мојата втора сезона беше многу подобра и многу напреднав. Морам да му покажам на целиот свет што можам да направам на и надвор од теренот. Преселба во Премиер лигата? Кога бев во Лондон за прв пат, отидов на шопинг. Не ми се допаѓа да одам таму. Што најмногу ми се допаѓа кај Милан? Фризерот „Дуомо“, трговските центри, ноќни клубови и храна, изјави Леао за „A Bola“.
Дваесет и тригодишниот Леао му се приклучи на Милан во 2019 година од Лил.
Во тековната сезона Леао има 32 настапи за италијанскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и 10 асистенции.