Не може да се снајде…
Синот на легендарниот кошаркар Леброн Џејмс , Брони, дебитираше во Летната лига, а како што пишуваат американските медиуми „тоа беше единствениот светол момент за него“, бидејќи не се прослави.
Имено, синот на најдобриот НБА стрелец на сите времиња, беше избран од Лос Анџелес Лејкерс на минатонеделниот драфт во НБА како 55-ти пик, а во поразот од Кингс од 108:94 постигна само четири поени. Работата да биде уште полоша за Брони, тој имаше 2 од 9 погодени шутеви од игра, како и два скока и две асистенции. Исто така, на теренот имаше минус 16.
BRONNY. 🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) July 6, 2024
pic.twitter.com/bbAbAccrZc
Медиумите во Америка не штедат критики за Борни.
-Од една страна тоа е историски момент. Леброн и Брони се првите татко и син кои се активни играчи во НБА. Сепак, приказните за непотизам станаа се почести откако тимот го ангажираше соработникот на подкаст на Џејмс, Џеј Џеј Редик, како главен тренер – истакнува Фокс њуз .
Скаутите не беа премногу љубезни кон Брони, а еден рече дека „не е перспектива во НБА“. Да, се уште е рано, но сигурно е дека Брони би сакал да шутира подобро од 22,2% од поле.
Брони и Лејкерси ќе се вратат на теренот во недела против Голден Стејт Вориорс.
Следната недела тој ќе се пресели во Вегас, каде што неговиот татко се подготвува за Олимпијадата со тимот на САД.