Лос Анџелес Лејкерс ги победија Клиперс претходната вечер, а главен лик на таа победа беше Лука Дончиќ.
Имено, се појави видео од тунелот, направено пред почетокот на натпреварот, кога Леброн Џејмс на специфичен и хумористичен начин му пријде на Лука и му честиташе роденден.
– Среќен роденден! Ти старееш како мене, дете! – рече Леброн низ насмевка.
Лука наполни 26 години и има уште многу пред себе, додека Леброн е во самракот на кариерата на 40 години и игра како млад човек.