Леброн жестоко одговори на обвинувањата на новинарите дека тој е главниот виновник за трејдот Лејкерс – Далас (фото)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, жестоко му одговори на новинарот на CBS Sports кој го обвини дека е главниот виновник зад еден од најголемите трејдови на сите времиња.

Имено, во трејдот помеѓу Лејкерси и Далас, Лука Дончиќ им се приклучи на Лејкерси во замена за Ентони Дејвис, кој тргна во спротивна насока.

CBS Sports објави дека Дејвис ги напуштил Лејкерси бидејќи Леброн бил фрустриран од неговото однесување, што предизвикало жестока реакција од најдобриот играч на Лејкерс.

„Ти си еб*н лажго“, напиша Леброн на Твитер со „пинокио“ и емотикони на кловн.

Инаку, Словенецот синоќа пристигна во Лос Анџелес, а се очекува Дончиќ да игра за Лејкерси пред почетокот на Ол-стар настанот кој ќе се одржи од 14 до 17 февруари.

Стартот е закажан за 11 дена, па дебито на Дончиќ за Лејкерси е многу блиску. За среќа се врати на тренинзите и се чини дека повредата дефинитивно е зад него.