Левица поднесе интерпелација за Тошковски

Левица утрово поднесе интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за грубо занемарување и несоодветно вршење на функцијата.

Пратеникот Сашко Јанчев рече дека интерпелацијата е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагедијата во Кочани.

„Не сме разговарале со опозициските партии. Нашата пратеничка група има доволен број на членови за да поднесе интерпелација. Понатаму ќе видиме каква ќе биде поддршката“ рече Јанчев на прес-конфереција во Собранието.

Од партијата укажуваат на сериозни институционални пропусти, селективна одговорност и прикривање на лица кои требало да дејствуваат.