Левица: Со купувањето оружје, владата крати пари за социјалните категории

Значително зголемување на средствата за воени трошоци и милитаризација за сметка на намалувањето на социјалната и еколошката компонента во буџетот е алармантен показател за приоритетите на оваа влада“, велат од партијата „Левица“.

Според нив, буџетот за одбрана и набавка на оружје од САД е зголемен за 13%, додека владата на ВМРО ДПММЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, нивните граѓани од социјалната категорија, како што велат, крати дури 40 отсто од средствата.

„Економската стратегија на актуелната влада не само што се заснова на истиот модел на претходниот СДСМ-ДУИ, туку одлучи да ги намали ранливите категории. Алармантно е што буџетот за социјална заштита за деинституционализација и социјални услуги се намалува за 44,6%, што значи 245.401 денар помалку средства. Колку за споредба, буџетот за одбрана достигнува рекордни бројки од 20,5 милијарди денари“ – велат од Левица.

Додаваат дека интервенирале со голем број амандмани, каде, како што велат, се предлагаат алтернативи за поефикасна и поодржлива распределба на средствата.

„Наместо милијардите за воена опрема и вазалското следење на странските насоки за непотребно вооружување, бараме овие ресурси да се пренаменат преку средства за социјална заштита и инвестиции во екологијата, кои се од егзистенцијално значење за поголемиот дел од населението, изјавија од Левица