Комерцијална, НЛБ и Стопанска банка АД Скопје ги срушија сопствените рекорди и остварија профит над 184 милиони евра во 2023 година, повисок од претходната година за 61,6 отсто. Приходите од камати изнесуваат 267 милиони евра, а приходите од провизии и надоместоци безмалку 116 милиони евра. Стопанска Банка оствари највисоки приходи од камати, а НЛБ Банка води со профит околу 70 милиони евра.
Најголема заслуга за овие рекордни профити на лихвобанкарите има Народна банка, која уште кон крајот на 2021 година започна да ја затега монетарната политика и ја зголеми референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата и стапката на благајничките записи. Казнената камата достигна дури 14,3 отсто!
За разлика од завршните сметки во 2022 година, кога им се „закануваше“ данокот на солидарност, во 2023 година немаше „опасност“ од оданочување на нивните екстра профити. Затоа банките не беа „принудени“ да ги користат своите вештини, да ги фризираат завршните сметки и да прикажат помали добивки. Банките го избегнаа ова оданочување, а во прилог им одеа и недостатоците на задоцнетото и еднократно законско решение.
За разлика од Македонија, Словенија воведе времен данок за банките во наредните 5 години. Го зголеми данокот на добивка од 19% на 22% и воведе привремен данок од 0,2% на вкупниот биланс на состојба (актива, односно вредност на сите средства) на словенечките банки и филијали на странски банки во Словенија. Во Македонија, стапката на данокот на добивка е иста и за малите стопанственици и за најпрофитабилните компании. Изнесува само 10 отсто. Ликвидноста на банките е сè поголема, како и нивните профити, а народот се бори со крпење на дупките во семејниот буџет. Сето ова придонесе да се намали животниот стандард и куповната моќ на граѓаните.
Затоа Левица во изборната програма се залага за антилихварско банкарство преку воведување на прогресивен данок на добивка и ограничување и намалување на каматите, провизиите и надоместоците, со цел да се намали осиромуашување на граѓаните по разни основи во Македонија и да се стави крај на должничкото ропство.
СООПШТЕНИЕ – Сектор за медиуми и односи со јавност на Политичка партија Левица
„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.