ЛЕВИЦА ЌЕ ЈА ВОЗИ “АЛФАТА“ ВО “КЕЦОТ“ – Димитар Апасиев ќе ги усреќил Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, ќе бил носител во првата изборна единица!

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, денес преку објава на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук најави дека токму тој ќе биде носителот во Изборна Единица 1.

Според Димитар Апасиев, тој директно ќе влезе во „дуел“ со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои претходно потврдија дека ќе бидат носители во Изборна Единица 1 на листата за пратеници во Собранието на престојните парламентарни избори закажани за 8. мај следната година.

Во целост ви ја пренесуваме објавата односно статусот на Димитар Апасиев:

Таче и Мицко ќе се кандидирале у КЕЦОТ. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у КЕЦОТ“.