“НЕКА СЕ ПОВТОРАТ ИЗБОРИТЕ ВО БЕЛГРАД!“ – Докторот Бранимир Несторовиќ не попушта ниту под притисокот од Александар Вучиќ: “Донесовме одлука дека нема да коалицираме со никого“

Најголемото изненадување на изборите во Србија, а според некој и „победник“ на изборите, доктор Бранимир Несторовиќ од листата „Ние, гласот на народот“ ги коментираше последните случувања и неизвесноста за Белград.

Само со помош на Бранимир Несторовиќ, партијата на Александар Вучиќ, СНС, би можела да ја задржи власта односно само со нивна заедничка коалиција, но докторот не сака да коалицира со никого.

Донесовме одлука дека нема да коалицираме со никого, никого нема да поддржиме и нема да правиме компромиси“, вели Бранимир Несторовиќ и додава: „Немаме потреба да одлучуваме, а атмосферата е создадена да одлучуваме за нашата судбина. Нека се повторат изборите во Белград“.

Бранимир Несторовиќ претходно изјави и дека неговата листа нема да биде во никаква коалиција или договор и со опозициската листа „Србија против насилството“.