ПРОМЕНА НА ВРВОТ НА НАЈСКАПИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО СВЕТОТ – Дури тројца проценети на 180 милиони евра!

Transfermarket ги ажурираше проценките за пазарните вредности на фудбалерите кои играат во шпанската Ла Лига.

Најскап фудбалер во Ла Лига во моментов е англискиот офанзивен играч за врска Џуд Белингем. Цената на ѕвездата на Реал Мадрид е зголемена за 30 милиони евра и сега изнесува 180 милиони евра.

Џуд Белингем

Светот сега има тројца играчи чија вредност се проценува на 180 милиони. Покрај Џуд Белингем, тоа се напаѓачот на Манчестер СитиЕрлинг Халанд и напаѓачот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе.

Крилниот напаѓач на Реал МадридВинисиус Јуниор, остана на 150 милиони, додека пазарната вредност на лидерот Жирона порасна за цели 64 милиони и сега изнесува 225 милиони евра.

Вредноста на тимот на Барселона падна за 44 милиони евра, а намалена е и пазарната вредност на дури девет играчи на каталонскиот гигант.