Машиновозач во Германија заборавил неколку вагони од патничкиот воз и 80 патници чекале оставени сами на станица во Берлин !?

Машиновозач во Германија не забележал дека неколку вагони од возот што го возел од Берлин за Полска се откачиле на мала станица во близина на главниот град на Германија и останале таму, оставајќи околу 80 патници зад себе.

Задниот дел на возот се одвоил од предниот дел на станицата „Алт Розентал“ источно од Берлин во четвртокот без машиновозачот да го забележи, потврди во петокот железничката компанија, пренесуваат германските медиуми.

Излегувајќи од станицата, спојката се откачи“, објасни портпаролот на NEB.

Машиновозачот ја забележал грешката дури на следната станица.

Потоа со 20-ина патници го превртел возот до претходната станица, за да го поврзе задниот дел од возот.

Околу 80 заборавени патници морале да чекаат нешто повеќе од час и половина.

Ова никогаш се нема случено“, додаде портпаролот.

Неуспехот предизвика доцнење на другите возови бидејќи трасата беше привремено затворена додека возот беше во рикверц.