МАЛИОТ ИМА САМО ТРИ ГОДИНИ – Не гледа подалеку од воланот, а вози Ферари од 980 КС вредно половина милион евра

Иако не гледа низ шофершајбната, тригодишниот Зејн нема проблем да го вози брзинскиот возач од Маранело

Зејн Софуоглу е новата интернет сензација. Има само три години, стапалата едвај допираат до педалите на автомобилот, не гледа подалеку од воланот и вози подобро од повеќето возачи.

Иако не гледа низ шофершајбната, најмладиот син на турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу вози автомобил како професионален возач. Во најновото видео објавено на неговиот Инстаграм профил, кое веќе го следат милион луѓе, Зејн е зад воланот на Ferrari SF90 Stradale вреден половина милион евра, кој има 980 коњски сили.

Зејн Софуоглу

За да го надополни дефицитот од сантиметри поради кој не гледа подалеку од воланот, тригодишниот Зејн ставил GoPro камера на Ферарито која ја проектира сликата на неговиот таблет.

Иако видеото предизвика лавина негативни коментари во кои се изразува загриженост за безбедноста на момчето, таткото на Зејн не се запира.

Тој тврди дека неговото момче вози подобро од повеќето возачи и дека секое возење се одвива под контролирани услови.