Легендарниот Италијанец досега во кариерата нема доживеано вакви навреди: “Тој е лажго, никогаш не сум сретнал поголема кукавица од него!“
Роберто Манчини ја предводи репрезентацијата на Саудиска Арабија која со резлутат од 2:1 го победи Оман во првиот натпревар од Купот на нации на Азија. Пред тој натпревар, италијанскиот стратег обвини тројца фудбалери од Саудиска Арабија, Наваф Ал-Акиди, Салман Ал-Фарај и Султан Ал-Ганам дека одбиле да играат за националниот тим во ова натпреварување. Причина за тоа била, како што вели Роберто Манчини, желбата на играчите да бидат во првиот тим додека тој ги гледал како резерви.
„Никој не може да одлучи кој ќе игра освен јас“, изјави тогаш Роберто Манчини, а неговите изјави предизвикаа остра реакција на Јасер Ал Кахтани, 41-годишниот поранешен фудбалер кој е легенда на саудискиот фудбал со 108 настапи за националниот тим.
„Никогаш не сум сретнал поголема кукавица од него. Тој не заслужува да го води овој тим. Тој е кукавица, нема почит и има некои психолошки комплекси“, изјави Јасер Ал Кахтани и продолжи: „Квалитетот што мора да го има секој лидер е дека мора да ги заштити луѓето што ги води. Тој ги напушти фудбалерите кои ја претставуваат Саудиска Арабија. Зошто зборува за нив пред натпреварот со Оман кога имаше средба со нив пред месец и половина ? Тоа значи дека и тој е лажго. Тој ги праша играчите дали со задоволство ќе седнат на клупата и нормално е дека одговорот ќе биде ‘не’. Играч кој се радува со тоа не е амбициозен и не заслужува да игра во репрезентацијата“.
Ваквите изјави на Роберто Манчини, Јасер Ал Кахтани ги гледа како најава за негово заминување од репрезентацијата, која ја презеде во август минатата година, со која има договор до 2027 година.
„Ги обвини фудбалерите за недостаток на патриотизам и за игнорирање на историјата. Никој не треба да го прави тоа и ќе спроведам истрага за да видам кој што точно кажал. Мислам дека на крајот само сака да си замине“, смета Јасер Ал Кахтани.
Јасер Ал Кахтани не кажа, но во случај на раскин на договорот Италијанецот би добил голема отштета од Саудијците.