ЛЕГЕНДАРНИОТ ИТАЛЈАНЕЦ ГИ “ЗАКАЧИ КОПАЧКИТЕ“ – Џорџо Киелини ја заврши кариерата: “Ова беше најубавото патување во мојот живот…“
Италијанскиот фудбалер, 39-годишниот Џорџо Киелини објави дека одлучил да стави крај на кариерата.
„Ова беше најпрекрасното и најинтензивното патување во мојот живот, ова беше моето сè, но време е да започнам нови поглавја, да се зафатам со нови предизвици и да напишам нови, интересни страници од мојот живот“, напиша Џорџо Киелини на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер) со видео кое ја следи неговата кариера.
Џорџо Киелини најголемиот дел од својата кариера го помина во Јувентус, од 2005 до 2022 година, откако играше за Ливорно (2001-04) и Фиорентина (2004-05). Од јуни 2022 година играше за Лос Анџелес Галакси со кој ја освои титулата во МЛС.
Со Јувентус освои девет титули во италијанскиот шампионат и по пет трофеи во Купот на Италија и Супер-Купот на Италија. Сепак, тие никогаш не беа крунисани за европски шампиони, губејќи две финалиња во Лигата на шампионите во 2015 и 2017 година.
Џорџо Киелини за италијанската репрезентација одигра 117 натпревари и постигна осум гола.
Со репрезентацијата, чиј капитен беше од 2018 до 2022 година, го освои ЕП 2021 и играше во финалето на Европското првенство во 2012 година кога Италија беше поразена од Шпанија. Играше и на две светски првенства, во 2010 и 2014 година.
Како што пренесуваат италјанските медиуми, Џорџо Киелини, дипломиран економија, нема намера да работи како тренер – ќе остане во САД уште шест месеци, пред да се врати во Италија каде би можел да работи за Јувентус.