Непријатни сцени во Калифорнија.
Фудбалерите на Реал Мадрид и Милан одиграа пријателски натпревар на „Роуз Боул“ во Пасадена, во кој шпанскиот тим по голем пресврт победи со 3:2.
Покрај убавите потези и одличната атмосфера, натпреварот го одбележа и инцидент пред почетокот.
Легендарниот голман од Тринидад и ТобагоШака Хислоп колабирал за време на интервјуто и итно бил пренесен во болница.
Според последните информации тој е во стабилна состојба.
Во текот на кариерата Хислоп играше во Ридинг, Њукасл, Вест Хем и Портсмут, како и во Далас.
Инаку, во првото полувреме Милан водеше со 2:0 со головите на Томори и Ромеро, но пресвртот го донесоа Валверде со два гола и Винисиус Жуниор.