Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра против Флави Коболи во четвртфиналниот натпревар на Вимблдон, а нивниот натпревар го гледаат многу познати имиња, меѓу кои Хју Грант и кралицата Камила.
Хју Грант, кралицата Камила, Питер Филипс и мноштво други познати лица уживаат во натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи.
Купер Кох, Џо Алвин и Мет Бонер внимателно го гледаа движењето на топката, додека Хју Грант изгледаше како да заспал во одлучувачкиот момент на крајот од првиот сет кога беше фатен на камерата.
— Likeaboss (@Instastory88) July 9, 2025
Британскиот актер Хју Грант е редовен посетител на Вимблдон, па сите се воодушевени бидејќи одбиваат да поверуваат дека актерот си дозволил да заспие за време на натпреварот.
Да ве потсетиме, Хју Грант еднаш изјави во медиумите дека навива за Новак Ѓоковиќ, а можеме да претпоставиме дека ова е само незгоден момент кога актерот бил „уловен“, бидејќи, да не заборавиме дека Грант, како голем љубител на белиот спорт, се појавува на Парискиот гренд слем, но и на Вимблдон, и тоа редовно.