Легендата на ПСЖ остро и брутално го нападна Лионел Меси: “Која е твојата работа ? Да играш фудбал или да се појавиш таму и да земеш пари !?“

Поранешниот фудбалер на ПСЖЖером Ротен не верува во искреноста на извинувањето на Лионел Меси.

Тој вели дека им се извинува на соиграчите и тренерите, но не и на навивачите. Испрати лоша слика. Не го разбирам кога вели дека не можел да го одложи патувањето. Тој најде изговор. Се извинува, но наоѓа изговори“, вели Жером Ротен, кој смета дека Лионел Меси ги променил приоритетите со патувањето во Саудиска Арабија.

Што е твојата работа ? Да се ​​појавиш таму и да земеш многу пари или да играш фудбал и да го претставуваш ПСЖ ?“, јавно прашал поранешниот фудбалер на францускиот гигант.

Претходно Лионел Меси се обиде да објасни дека неговото службено патување во Саудиска Арабија, каде е амбасадор за туризмот и зема плата од 30 милиони евра, а истото предизвика реакција на клубот, всушност е големо недоразбирање. Тој е суспендиран на две недели, во кои нема да тренира со соиграчите и за тоа време нема да биде платен. За две недели колку што ќе трае казната, Лионел Меси ќе остане без 1,6 милиони евра.

Мислев дека ќе имаме слободен ден по натпреварот, како што е секогаш. Имав организиран настан и не можев да го откажам. Веќе еднаш го откажав. Им се извинувам на соиграчите и ја чекам одлуката на клубот“, изјави Аргентинецот по настанот.