Легендата на Реал се сели во Арабија: Начо потпиша двегодишен договор со саудискиот клуб Ал Кадсија

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Начо Фернандез, потпиша двегодишен договор со саудискиот фудбалски клуб Ал Кадсија.

Ал Кадсија, клубот кој сезонава се квалификуваше за првата саудиска лига, денеска објави дека Начо како слободен играч му се приклучил на тимот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, договорот за две сезони е вреден 20 милиони евра.

По 23 години Начо го напушти Реал по истекот на договорот со кој освои 26 трофеи.

„Одлуката да го напуштам Реал Мадрид е најтешката во мојот живот. Пред неколку месеци му кажав на клубот дека се сомневам… Но, задоволен сум од постигнатото, нема на што да атакувам со Реал“, рече Начо на прошталната конференција за новинарите.

Начо дојде во Реал во 2001 година како десетгодишник, ги мина сите млади категории и во 2012 година играше за првиот тим. Тој го напушта клубот како капитен кој на Реал му ја крена 36-та шампионска титула во мај, а рекордната 15-та титула во Лигата на шампионите на 1 јуни.