ЛЕДЕНОТО МОМЧЕ НА – 9 СЕКОЕ УТРО ПЕШАЧИ 5 КМ ДО УЧИЛИШТЕ! Неговата приказна го потресе светот: “Ги обвинував моите родители што живееме вака…”
Ванг Фуман стана познат како кинеското „Ледено момче“ на почетокот на 2018 година, кога неговата приказна стана вирална . Неговото семејство беше меѓу милионите во земјата кои живееја во сиромаштија и на 8-годишна возраст мораше да инвестира натчовечки напори само да се стигне до училиште. Ова е неговата приказна.
Момче од зафрлено село во југозападна Кина пешачеше на -9 степени Целзиусови речиси пет километри секој ден за да стигне до училиште. Неволјата на ова момче ги натера властите да реагираат. За помалку од два дена, околу 300.000 јуани беа донирани за зимата таа година да биде само малку попријатно за децата во овој оддалечен дел од земјата.
Оттогаш, семејството се преселило во нов дом и почнало да се занимава со сточарство, а денес квалитетот на нивниот живот е значително подобрен.
За време на пандемијата, родителите на Фуман имаа уште две деца, а претходно оваа година, неговата постара сестра беше примена во скапо средно училиште. “Објави” неодамна го посети семејството Ванг за да види како живеат.
– Порано ги обвинував моите родители дека живееме вака, но денес мислам дека животот овде на село е ист за секое семејство.