ЛЕДЕН БРАН ОД АРКТИКОТ ЈА КОСИ ЗЕМЈАТА НИЗ СВЕТОТ: Силните снежни виулици однесоа повеќе животи во САД, Британија окована од снег (ВИДЕО, ФОТО)
Студениот арктички бран ги замрзна САД и Европа. Откажани се илјадници летови, се очекува да наврнат и до 20 сантиметри снег, а во некои градови температурите значително паднаа во длабокиот минус.
Катаклизма во Соединетите Американски Држави
Температурите под нулата и снегот целосно го нарушија воздушниот сообраќај на Средниот Запад и Западот, но и на некои аеродроми на американскиот југ.
Вкупно беа откажани повеќе од 3.000 летови. Најмногу откажани летови имало на аеродромот во Тексас, каде се откажани вкупно над 1.000 летови, пишува NBC News.
Монтана ја понесе „титулата“ за најстудена држава во САД, каде се измерени минус 42 степени, додека најтопло беше на Флорида.
Околу 110.000 американски домови и бизниси останаа без струја, повеќето во Орегон.
Претставниците на јавниот транспорт ги повикаа жителите да избегнуваат патување бидејќи се очекува патиштата да бидат опасни и лизгави со мраз што може да ги натежи дрвјата и далноводите и дополнително да ја искомплицира ситуацијата.
Наставата беше откажана во училиштата во Портланд, Чикаго, Денвер, Далас и Форт Ворт.
Ниските температури однесоа повеќе животи низ Америка. Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои две лица за кои постои сомневање дека починале од хипотермија.
Маж загина откако дрво падна врз неговата куќа, а жена загина во пожар што избувна кога дрво падна врз камп приколка. Покрената е истрага и за смртта на тројца бездомници во Милвоки, а властите велат дека најверојатната причина е хипотермијата.
Дожд и лапавица се очекува да продолжат да паѓаат во делови од САД.
Температурите се очекува да бидат умерени во средината на неделата, но се предвидува нов бран на студен воздух да стигне до јужниот дел на САД низ северните рамнини и средниот запад.
Велика Британија врзана од снег
Ледениот бран пристигна и во Велика Британија. Најстудената температура од минус 22 степени е измерена во Шкотска.
Како што пишува Дејли Мејл, Ливерпул е најпогоден од снег меѓу англиските градови, а затворени се и 36 училишта, а во Шкотска 100.
Британската метеоролошка служба објави дека температурите би можеле да паднат до минус 15, а во сила се повеќе од 100 предупредувања за поплави.
Арктикот Wazoo се пресели на југ низ целата земја во текот на изминатите неколку дена, што го прави пет до шест степени постудено од нормалното за овој период од годината, соопшти Метеоролошката канцеларија.
Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија издаде предупредување за студено време, кое предупредува на можни последици за здравствениот и социјалниот сектор.
Поради тешката зима во прекин беше и железничкиот сообраќај.
Вакви зими се забележани во 2018 година, кога во март селото Нентед беше опкружено со снежни наноси, поради што залихите на храна мораше да се доставуваат со хеликоптер.
Исто така, во ноември 2021 година, клиентите на пабот Тан Хил беа заробени во таверната три дена.
Снег во Кина
Околу 1.000 туристи во Кина се блокирани поради лавини во планинско одморалиште во регионот Ксинџијанг во северозападниот дел на земјата.
Променливото време ја попречува евакуацијата, а пристапот до туристичкото село Хему, во близина на тромеѓето на Казахстан, Русија и Монголија, беше прекинат поради лавина.
Висината на снежната покривка во некои области достигнува и до седум метри, што го отежнува расчистувањето на патиштата од механизацијата.
Чистењето на 50-километарскиот дел од затрупаниот пат започна пред една недела. Спасувачките напори и операциите за отстранување на снегот се комплицирани од камењата, остатоците и гранките на дрвјата што ги сруши лавината, што ги прави машините за расчистување на патиштата речиси неупотребливи, а спасувачите користат лопати и багери.