Лекарите предупредуваат: Суперхраната што многумина ја обожаваат може да предизвика сериозни проблеми – обрнете внимание
Иако семето од чиа има бројни здравствени придобивки, неправилната употреба може да доведе до сериозни компликации.
Здравствените експерти предупредуваат на можните сериозни последици од консумирањето на една од најпопуларните намирници во моментов, доколку не е правилно подготвена.
Иако носи бројни здравствени придобивки, неправилната употреба може да предизвика здравствени компликации, како што е случајот со човек кој добил густа маса слична на пластелин во хранопроводот, што барало сложени медицински процедури за да му се помогне.
Потенцијално опасни семиња од чиа
Семето од чиа е познато по високата содржина на омега-3 масни киселини кои го стимулираат мозокот, влакна кои го штитат здравјето на цревата и протеини кои се важни за развој на мускулите.
Неодамна, тие се особено популарни меѓу оние кои повторно почнуваат да тренираат и следат рецепти за здрави оброци на TikTok, најчесто во комбинација со јогурт и пудинзи.
Семките имаат неутрален вкус, се крцкави и многу суви, што ги прави лесни за додавање во различни оброци.
Сериозни последици поради неправилна подготовка
Во подготовката на семето од чиа лежи потенцијалниот ризик. Според „Хелтлајн“, семето од чиа може да апсорбира до 12 пати поголема течност од својата тежина, што ги прави многу чувствителни на начинот на кој се консумираат.
Според запишаните податоци, еден млад човек завршил со маса слична на желатин заглавена во хранопроводот откако изел семе од чиа, која одеднаш му отечела во дигестивниот систем.
– Популарноста на семето од чиа расте и мислам дека вакви случаи ќе се појавуваат сè почесто – изјави д-р Ребека Роул.
Случајот беше објавен во 2014 година во Американскиот журнал за гастроентерологија, пишува LADbible .
Безбеден начин за консумирање на семе од чиа
Експертите препорачуваат постепено воведување на чиа во исхраната, почнувајќи со една до две лажици дневно, за да се овозможи дигестивниот систем да се адаптира.
Важно е семките да се потопат во вода, млеко или сок најмалку 10 до 15 минути, идеално преку ноќ, за да отечат доволно пред консумирање. Овака се избегнува ризикот од формирање густа маса во грлото, што може да доведе до задушување или блокада на дигестивниот систем.