Останувањето хидрирани во текот на денот е многу важно за целокупното здравје. Нашето тело содржи приближно 60 проценти вода, а секоја клетка, ткиво и орган зависи од тоа за правилно функционирање. Дури и со ова знаење, многумина од нас сè уште не пијат доволно течности во текот на денот, често затоа што забораваат.
Општиот лекар и експерт за женско здравје Др. Навиа Мајсор истакнува за Парад: „Водата помага во регулирањето на температурата на телото, ги одржува зглобовите подмачкани и го поддржува варењето“.
Дополнително, хидратацијата е важна за речиси секоја клеточна функција во телото, вели лекарот од семејната медицина Др. Шилпи Агарвал.
„На здрав дигестивен систем кој правилно го регулира варењето му требаат доволно, па дури и дополнителни количества вода за телото да функционира нормално. Правилното исфрлање на отпадот исто така придонесува да се чувствуваме подобро, а водата е клучен дел од тој процес“, објаснува таа.
Како да знаете дали сте внеле доволно течности?
Кога станува збор за дневниот внес на течности, општата препорака е осум чаши вода дневно, но тоа не е строго правило и потребите треба да се приспособат на секој поединец. На хидратацијата влијаат различни фактори, како што се времето, нивото на пот, бременоста, доењето и одредени медицински состојби – сето тоа може да ја зголеми потребата на телото за вода.
“Едноставен начин да проверите дали сте хидрирани е да ја погледнете бојата на урината. Бледожолтата боја значи дека сте добро хидрирани, додека темно жолтата може да сигнализира дехидрација”, објаснува др. Мајсор.
Покрај бојата на урината, симптомите на дехидрација може да варираат од личност до личност, а др. Агарвал истакнува дека еден од најсигурните знаци е почестото појавување на главоболки.
Колку течност треба да пиеме секој ден?
Како што пренесува Парад, препораките од Институтот за медицина на Националните академии на науки велат дека мажите треба да консумираат околу 3,7 литри течности дневно, а жените околу 2,7 литри. Најдобар начин да се осигурате дека добивате доволно вода е да обрнете внимание на знаците што ви ги испраќа телото – како што се замор, сува кожа, испукани усни, чести главоболки и забавено варење.
За да го зголемите дневниот внес на течности, можете да пробате пет совети кои лекарите ги истакнале за порталот „Парад”.
Правилно време за внесување вода: Лекарите советуваат да го започнете денот со пиење вода пред да пиете кафе или чај. “Оставете чаша вода до вашиот кафемат претходната вечер. Ова ќе ве потсети да пиете вода пред да ја земете првата доза кофеин”, вели др. Агарвал.
Пијте вода кога одите или се враќате од тоалетот: Агарвал исто така ја истакнува идејата за пиење вода додека одите или се враќате од тоалетот. Тој објаснува: „Тоа ве одржува постојано хидрирани без да се грижите колку често треба да одите во тоалет“.
Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук: Ако не сакате сами да го зголемите внесот на течности, можете да направите и некои промени во исхраната. „Овошјето и зеленчукот како краставици, лубеница, портокали и јагоди се полни со вода и помагаат во хидратацијата. Тие се одличен начин да го зголемите внесот на течности доколку сте уморни од пиење флаширана вода“, посочува др. Мајсор
Поставете потсетници: Многумина од нас не пијат доволно вода затоа што забораваат, па затоа е корисно да поставите аларми и потсетници за да не потсетуваат да останеме хидрирани во текот на денот.
Набавете квалитетно шише со вода за повеќекратна употреба: ако сè друго не успее, инвестирањето во шише со вода што со задоволство ќе го носите со себе, а кое се вклопува во вашата чанта или ранец, може да направи голема разлика. „Да имате шише со вода постојано со вас го олеснува одржувањето на редовното внесување вода и помага да се спречи дехидрација дури и пред да почувствувате жед“, заклучува др. Мајсор.