Естетички и специјалист против стареење, др. Кејана Емамијан, тврди дека хранливата исхрана може да помогне да се одржи хидратацијата на кожата и да се намали сувоста во текот на студените зимски месеци.
„Диетата богата со хранливи материи може да направи голема разлика во зима“, изјави таа за Daily Express.
Таа исто така нагласи дека изборот на вистинската храна може значително да ги намали знаците на стареење и брчките. Првата храна на нејзината листа е авокадото, богато со мононезаситени масти и витамин Е.
„Авокадото помага да се задржи влагата во кожата, ја одржува еластичноста и штити од оштетување од слободните радикали“, објаснува др. Емамијан.
Бобинките, како што се боровинки, јагоди и малини, се на второ место поради нивната висока содржина на антиоксиданси и витамин Ц.
,,Витаминот Ц е клучен за производството на колаген, протеин кој ја одржува кожата цврста и младешка“, објаснува докторот, додавајќи дека редовното консумирање може да ги намали брчките. Ова овошје има и антивоспалителни својства, што го прави идеален за ублажување на зимската сувост и иритација.
На трето место се масните риби, како лососот и скушата, кои лекарите ги препорачуваат поради високата содржина на омега-3 масни киселини.
„Омега-3 ја зајакнува бариерата на кожата, ја задржува влагата и го намалува воспалението“, вели др. Емамијан. Редовното консумирање на оваа риба, барем два пати неделно, може значително да ја подобри хидратацијата на кожата, додава таа. Темниот лиснат зеленчук, како што се кељот и спанаќот, се исто така важни бидејќи содржат витамини А и Ц, кои го стимулираат обновувањето на кожата и производството на колаген.
Конечно, на петто место се јаткастите плодови и семките, како што се бадемите, оревите и чиа семето, кои се одличен извор на витамин Е, цинк и есенцијални масни киселини.
,,Овие намирници ја смируваат сувата и иритирана кожа и ја подобруваат еластичноста“, вели др. Емамијан.
Комбинацијата од овие пет суперхрана може да биде клучот за блескава и здрава кожа цела зима.